„Фјучрвеј“ се одделува од „Хуавеј“, откако САД го стави на црна листа - Слободен печат

„Фјучрвеј“ се одделува од „Хуавеј“, откако САД го стави на црна листа

Одделот за истражување и развој на кинеската компанија „Хуавеј”, „Фјучрвеј”, почнува одделување на дејноста од компанијата-мајка, откако во мај САД го стави технолошкиот гигант на „црната листа”, информираат извори за американски медиуми.

Одделот „Фјучрвеј” им забранил на вработени на „Хуавеј” да влезат во неговите канцеларии, ги префрлил своите вработени на нов информациски систем и им забранил да го користат името или логото на „Хуавеј” во комуникација. Сепак, кинеската компанија ќе продолжи да го поседува својот дел.

Поделбата на дејноста следи откако многу американски универзитети ги прекинаа своите партнерства со „Хуавеј”, како реакција на обвинувањата на САД дека компанијата претставува ризик за национална безбедност. Некои образовни институции размислуваат да прекинат со заедничка работа и со други кинески компании.

„Фјучрвеј” има стотици вработени во Силиконската долина и регионите на Сиетл, Чикаго и Далас. Компанијата има над 2.100 патенти.

Прочитајте и...  Првиот супермодел, Марион Морхауз: Индијанско потекло, топли, кафени очи и остри црти на лицето (ФОТО)

Стравувањата на универзитетите се дека „Хуавеј” ги користи партнерствата за да презема и користи истражувања од областа на вештачката интелигенција, телекомуникациите и роботиката, кои можат да се користат за хакерски или шпионски операции, или, пак, да и дадат предност на кинеската компанија пред американските конкуренти.

Одделот „Фјучрвеј” не може да биде ставен во истата црна листа како „Хуавеј”, бидејќи е регистриран во САД.

Прочитај повеќе

Лозано освои награда на MAC: Го најавија дека доаѓа од Северна Македонија, но веднаш ги поправи!

Слободен печат

Вучиќ свикал итен состанок со министрите

Слободен Печат

Републиканците под притисок: Советник има докази против Трамп?

Слободен Печат

Ахмети: Бараме владеење на правото преку ветингот

Слободен печат

„ЖЕТОН ЗА КУЛТУРА“: Бесплатен билет за музеј или претстава доколку не користите автомобил во Виена

Слободен печат

Туристи од Тајван во Шибеник носеле натпис „Не сме од Кина“ (ФОТО)

Слободен Печат

Остави Коментар

9 + twelve =

Прочитај повеќе

Наскоро на Фејсбук страната на 1ТВ ќе бидат откриени лицата кои стојат зад тивката ликвидација на Боки 13

Слободен печат

Објавено името на амбасадорот на Велика Британија во ЕУ по Брегзит

Слободен Печат

Странски дипломати ја осудија прекумерната сила на ирачките безбедносни сили врз демонстрантите

Слободен печат

Нова виза по Брегзит: Брз влез во Велика Британија за научници, математичари и истражувачи

Слободен Печат

Макрон: Антисемтизмот неподносливо се враќа

Слободен Печат

Манчевски: Нема системски притисок врз вработените во администрацијата

Слободен печат