Физички симптоми кои укажуваат на депресија: Како негативните емоции влијаат врз организмот

Доколку чувствувате некој од овие симптоми треба да побарате помош од стручно лице кое ќе ја одреди дијагнозата, ќе ги утврди причините за промените на телото и ќе ви предложи терапија.

Понекогаш е полесно депресијата да се препознае преку физичките симптоми, а еве кои промени во функционирањето на организмот ги предизвикува депресијата.

Луѓето обично мислат дека депресијата е исклучиво емотивен проблем кој се манифестира само преку начинот на однесување, но истражувањата покажуваат дека и одредени промени на телото и функционирањето на организмот можат да укажуваат на оваа состојба.

Риша Батија, психијатар и член на американската Асоцијација за анксиозност и депресија, тврди дека одредени физички симптоми, како недостаток на енергија, замор и исцрпеност, се јавуваат во поголем број од случаите кај депресивните личности.

Таа исто така нагласува дека во случаите на депресија е важно да се обрне внимание и на физичките и на емотивните промени, зашто и едните и другите влијаат врз квалитетот на живот и извршувањето на основните функции. Кај некои личности прво се забележуваат физичките симптоми, а експертите објаснуваат дека тие побрзо и полесно се препознаваат во однос на емотивните промени.

Физички симптоми кои укажуваат на депресија се: промени во начинот на спиење, промени во апетитот, недостаток на енергија, недефинирана болка најчесто во главата и грбот, несоница, умор и осцилации во тежината.

Тие настануваат така што депресивната состојба влијае врз одредени делови од мозокот важни за функционирање на органите, а неочекуваната појава на болка може да биде знак за емотивен проблем.

Истражувањата од 2008 година докажуваат дека депресијата е тесно поврзана со промените во начинот на спиење. Бидејќи таа делува различно врз мозокот на различни луѓе, кај некого се јавува несоница, а кај некого потреба да го преспие целиот ден. Неколку студии од 1992 година покажале дека личностите кои одмараат преку ден почесто имаат проблеми со депресија отколку оние што спијат само ноќе.

Експертите тврдат дека промените во хормоните, како и хипотиреозата (недостаток на хормони на штитната жлезада), може да претставуваат ризик од депресија.

Доколку чувствувате некој од овие симптоми треба да побарате помош од стручно лице кое ќе ја одреди дијагнозата, ќе ги утврди причините за промените на телото и ќе ви предложи терапија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот