Физички пресметки во Велес и велешко Рудник за време на полицискиот час

Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Во СВР Велес синоќа околу 21.00 часот било пријавено дека на ул.„Јордан Џурнов”, во Велес по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу 45 годишниот А.М. и неговата сопруга 42 годишната Е.Ј. од една страна и 36 годишниот С.К. и неговата 34 годишна сопруга А.К. сите од Велес.

Во неделата вечерта околу 18.00 часот во СВР Велес било пријавено дека во  велешкото село Рудник во дворот од семејната куќа, 31 годишниот Ж.Ф. од Скопје, по претходна расправија, бил нападнат од 58 годишниот В.Н.

Истиот ден околу 19.50 часот во СВР Велес 58 годишниот В.Н. од Скопје пријавил дека во дворот од семејната куќа во село Рудник бил физички нападнат од  57 годишниот К.Ф. и неговиот син 31 годишен син Ж.Ф.

– По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот