Физички нападнати таксист и возач во ЈСП

Такси превоз / Фото: Архива

Како што информираат од МВР, во текот на вчерашниот ден биле пријавени неколку случаи на физички напади во Скопје.

Вчера околу 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Кисела Вода, Љ.К. (61) од Скопје бил физички нападнат од едно лице додека бил на работно место како такси возач во такси компанија.

Исто така, вчера во 21.30 часот во СВР Скопје, Д.Т. (49) од Скопје, возач во ЈСП, пријавил дека околу 18.30 часот на автобуска постојка во с.Смиљковци, скопско, додека бил на работно место бил физички нападнат од едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на двата случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот