Физички нападнал контролор и му украл пос-терминал за контрола на билети

ЈСП автобус
Автобус на ЈСП / Фото: МИА

Вчера во полициска станица Гази Баба полициски службеници од ЕВР Гази Баба извршиле разговор со М.К (25) од Скопје, постапувајќи по пријава од 18.8.2021, според која С.И.(33), вработен како контролор во јавно претпријатие, околу 15.30 часот бил физички нападнат од страна на машко лице, при што му бил одземен еден пос-терминал за контрола на билети.

Во присуство на Јавен обвинител од М.К. се одземени предмети и пос-терминал, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.238 од Кривичниот законик, за „разбојничка кражба“.

Видео на денот