Физички напади, тепачки, расправии… за полицијата полни раце работа

Фото: принтскрин

На територијата на целата држава вчера и денес се регистрирани серија тепачки и физички напади. Полицијата работи на расчистување на сите случаи.

Синоќа во Неготино полициски службеници од Полициската станица Неготино ги привеле Р.Ј.(19), М.Ј.(21), А.М.(20) и М.М.(18), сите од с.Криволак, откако тие во угостителски објект во Неготино физички ги нападнале С.С., С. Т. и И.А. и оштетиле инвентар од објектот.

А.К.(45) од Скопје, исто така синоќа пријавил дека околу 20.40 часот на подрачјето на Центар, во близина на угостителски објект, неговата малолетна ќерка била физички нападната од друга малолетничка.

Во угостителски објект во Градскиот парк ноќеска биле приведени М.М.(24) од Охрид, И.С.(21) и С.К.(21), двајцата од Скопје. Полицајци кај И.С. пронашле и одзеле прашкаста материја и марихуана, а тројцата физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Во с.Волково синоќа бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка. Т.Ј.(32), Ц.Ј.(66) и С.Б.Ј.(26), сите од Скопје, пријавиле дека околу 23.30 часот, Т.Ј. и Ц.Ј. физички биле нападнати од повеќе лица, по што настанала меѓусебна пресметка во која што биле употребени тврди и стаклени предмети. Во врска со случајот, С.Д.(31) од с.Волково, Х.Е.(37), Н.С.(53), С.С.(30) и Ф.Х.(32), сите од Скопје, изјавиле дека физички биле нападнати од страна на Т.Ј. и Ц.Ј..

Скопјанецот Т.М.(42) синоќа пријавил во полиција дека околу 19.00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од А.А. и Е.А..

Физички напад пријавил и Р.Б.(53) од Скопје кој на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од Ф.Н..
Во с.Долно Лисиче, како што пријавил во полиција, вчера попладне М.В.(21) од Скопје, бил физички нападнат од Ф.Т..

Р.Р.(34) од Скопје пријавил дека околу 17.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров бил физички нападнат од неговиот роднина А.А.

Во Кочаник синоќа З.Г.(68) пријавила дека била физички нападната од С.И., двете од Кочани.

Во Струмица вчера попладне М.С.(59) пријавил дека по претходна расправија, бил физички нападнат од С.С., двајцата од Струмица.

Нарушување на јавниот реди мир и меѓусебна пресметка била регистрирана ноќеска после полноќ пред угостителски објект во Кавадарци, а во неа учествувале А.К.(40), Б.К.(38) и Џ.Р.(60) од с.Желино, од една страна, и А.Р.(25) и Д.М.(24), двајцата од Кавадарци, од друга страна.

Ѓ.Б.(28) од с.Обршани, прилепско, пак, пријавил дека на влезот во селото бил физички нападнат од Б.Ѓ. од с.Крушеани.

З.С.(51) од Битола синоќа пријавил дека околу 13.30 часот во угостителски објект во Битола бил вербално нападнат од едно лице кое имало пиштол, но набрзо било отстрането од локалот.
Нарушување на јавниот ред и мир имало и во Куманов каде што се случила и меѓусебна пресметка помеѓу Г.М.(53) и Г.Ѓ (43), двајцата од Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот