Физичката активност која на најдобар можен начин чува од сезонски вируси, еве и зошто

Сезона на вируси е, иако кај нас за среќа, сè уште нè заобиколува злогласниот коронавирус, ретко кој е имун на настинка  и на грип. Како што знаеме, најдобра одбрана од вирусите е силниот имунитет, а тој освен со сон и правилна исхрана, се зајакнува и со физичка активност.

Како најдобра, наедноставна и наефективна алтернатива, повеќето експерти предлагаат спорт кој физички не е многу напорен, а истовремено нè опушта-пливање.

Нема потреба да чекаме да дојде лето, доволно е да посетиме некој затворен базен, а останувањето во вода само три пати во неделата по половина час до час ќе направи чудо за нашиот имунитет. Луѓето кои практикуваат ваква активност имаат поголем број на бели крвни зрнца кои се важни за борба против инфекции и вируси.

Според  истражувањето спроведено на Универзитетот во Торонто, направено на 1.800 испитаници од 18 до 80 години, пливањето нè штити од вируси. После тримесечно редовно пливање во текот на зимата, утврдено е дека ниту еден од учесниците не бил настинат, што не треба да ни е чудно, ако знаеме дека овај спорт има корисен ефект на целиот организам.

Движењата во вода, меѓу другото, имаат корисен ефект на работата на срцето и крвниот притисок, го подобрува капацитетот на белите дробови, го намалува ризикот од мозочен удар и дијабетес од типот 2, го намалува чуството на „тежина” во нозете, позитивно влијае на линијата.

Важен фактор за добар имунитет е и отсуствотот на стрес, а пливањето во таа смисла е во предност над сите останати спортови, затоа што има медитативен ефект. Всушност, тоа нè ослободува од стрес, затоа што во водата помалку се лачи хормонот на стрес кортизол, а повеќе – хормонот на среќа енрдофин. И што е најважно, овај ефект трае и по неколку часа после пливањето.

Значи, доволно е само да запливате, и така да ги намалете на минимум шансите да добиете некој вирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот