Физичка пресметка на жители од кочанската населба Трајаново Трло со група крадци

Полиција / Фото: МИА

Синока, еден час по стапувањето во сила на ограничувањето за движење на граѓаните, дошло до физичка пресметка меѓу жители на населбата Трајаново Трло во Кочани и група крадци, при што неколку лица се здобиле со телесни повреди.

Жителите на населбата затекнале малолетник, кој влегол во двор од семејна куќа во обид да изврши кражба и го задржале, по што дошла група повозрасни лица за да го одбрани и настанал инцидент.

Случајот бил пријавен во Полициската станица во Кочани и направен е увид на лице место, а повредените сами побарале лекарска помош.

– Синоќа, два часа по стапувањето во сила на полицискиот час, на Итната медицинска помош во нашата болница се јавиле три лица со телесни повреди, од кои двајца со контузии на главата, а еден со исеченици на лицето и рацете. Укажана им е соодветна медицинска помош, по што се пуштени на домашно лекување, истакна Александар Серафимов, директор на Општата болница со проширена дејност од Кочани.

Од Полициската станица го потврдија случајот на кој сè уште се работи, а официјално известување најавија во текот на денот.

Пред еден месец, жителите од Трајаново Трло организираа мирен протест поради зачестените кражби во домовите, при што побараа од надлежните органи да преземат мерки за нивно спречување и откривање на сторителите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот