ФИТУР- Шпанија отвори нови можности за македонскиот туризам

Во првите два дена од саемот се одржаа неверојатни 150 состаноци на штандот на АППТ на кој коегзибитори се Балкан прајм тур, Бохемиа, Тоуринг Мацедониа и Максан травел.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот оваа година за прв пат учествува на саемот за туризам во Мадрид, Шпанија, кој се оддржува по јубилеен 40ти пат. На саемот каде има над 10.000 егзибитори од 165 земји, АППТ туристичкиот потенцијал го претставува заедно со 4 ко-егзибитори на интернационалниот саем на кој акцентот е ставен на бизнис заедницата која ја претставуваат околу 140 илјади професионалци.

Во првите два дена од саемот се одржаа неверојатни 150 состаноци на штандот на АППТ на кој коегзибитори се Балкан прајм тур, Бохемиа, Тоуринг Мацедониа и Максан травел.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот оствари бројни состаноци со компании од својот домен кои нудат асистенција при промоција на туристичките потенцијали. Маркетинг агенти, блогери, инфлуенсери од Шпанија, Португалија, Латинска Америка изразија желба за да ја промовираат Македонија во нивните земји, додека маркетинг агенциите за дигитален маркетинг и иновации во туризмот да дадат поддршка за промоција пред потренцијалните туристи кои се информираат претежно на интернет. Неизоставен дел од секој саем па и од овој се и средбите со тур-операторите од Шпанија кои сезаинтересирани да ја додадат нашата земја во нивните понуди.

Овој неверојатен интерес од пазар на којшто Р.С. Македонија учествува за прв пат потврдува дека во вистинска смисла сме неоткриена туристичка дестинација за Шпанскиот пазар, што прави нашите очекувања за 2020 година да регистираат голем раст на бројот на туристи од овој дел на Европа.

Директорот на АППТ, г-дин Љупчо Јаневски ФИТУР го споредува со најголемиот саем за туризам во Германија- ИТБ.

– Според мене овој саем со својата специфичност е во рангот на Берлинскиот саем и има големо влијание во туристичката индустрија. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот продолжува со отворање на нови пазари за макетонскиот туристички сектор со кои се приближува кон светските туристички трендови и воведува светски стандарди во промовирањето на дестинацијата. Со настапот на ФИТУР и фокусираната промоција АППТ отвора нови пазарни можности и очекува зголемување на Шпанските туристи и оваа година – изјави Јаневски.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот оваа година за прв пат учевствува на саемот за туризам во Мадрид, Шпанија, а одлуката за да се отвори овој пазар следи по неверојатниот пораст согласно месец Ноември 2019 година од 60,9% во споредба со истиот период лани и 55,1% пораст во бројот на ноќевања за истиот период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот