ФИТР: Над 500 предлог-решенија понудени на „Креатон“

Јавниот повик траеше 72 часа и ваквиот интерес е само показател за нивото на свест и желбата за придонес кај многу наши сограѓани, НВО и компании.

Фондот за иновации и технолошки развој соопшти дека во рамки на јавниот повик „Креатон”, наменет за креирање дигитални алатки и решенија за справување со последиците од Ковид-19, до нив пристигнале вкупно 546 инцијативи.

Јавниот повик траеше 72 часа и ваквиот интерес е само показател за нивото на свест и желбата за придонес кај многу наши сограѓани, НВО и компании.

Од ФИТР наведоа дека иницијалните бројки покажуваат дека 57 отсто од иницијативите се поднесени од компании, здруженија или организации, а околу 43 проценти се поднесени од физички лица.

По првата фаза, како што наведоа од ФИТР, за сите предселектирани иницијативи ќе се определат 48 часа за изработка на детален план на активности и предлог буџет. Апликантите чии предлог проекти ќе бидат избрани во фазата на финална селекција ќе имаат обврска да подготват јавна презентација на предлогот пред Комисијата. Јавната презентација на решенијата и евалуацијата ќе се врши онлајн преку видео – конференциска врска. Предлозите ќе се оценуваат според степен на иновативност, рок и механизми за реализација, капацитет на проектниот тим и влијание.

Од Фондот информираат дека повикот е прв од нивните иницијативите за справување со последиците од корона вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот