ФИТР: На барање на компаниите продолжен рокот за аплицирање на јавниот повик за Технолошки развој

Инструментот е наменет за финансиска поддршка за технолошки развој на претпријатија и приватни здравствени установи („ПЗУ”).

Поради голем интерес и на барање на домашните компании, рокот за аплицирање по редовна постапка за јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој е продолжен до 10 февруари, 2020 година.

Вкупниот буџет, како што соопштуваат од ФИТР, за повикот изнесува шест милиони евра од кој три милиони се наменети за аплицирање по редовна постапка. Преку овој инструмент се обезбедува финансиска поддршка до 30 отсто во максимален износ од 10 милиони денари, а останатите 70 отсто се учество на компаниите.

Инструментот е наменет за финансиска поддршка за технолошки развој на претпријатија и приватни здравствени установи („ПЗУ”), меѓу другото за набавка на опрема, воведување нови производствени линии, подготовка и спроведување на активности за подобрување на енергетската ефикасност и сл.

Во периодот до истекување на рокот за аплицирање, за домашните компании ФИТР обезбедува користење на бесплатна советодавна поддршка и техничка помош.

Дополнително, со цел информирање за деталите од повикот, условите и можностите за аплицирање, активни се информативни сесии во Скопје и низ градовите во државата, организирани во соработка со стопанските комори и други организации.

Повеќе информации за повикот и начинот на аплицирање на www.fitr.mk.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот