Фит на плажа со липосукциска исхрана: Трошиме масти – добиваме енергија!

липо центар
Фото: Промо

Протоколот за слабеење со липосукциска исхрана се состои од две фази. Првата фаза е липо третман со примена на препаратите „Липо алфа“ и „Липо бета“ и трае 14 дена. Втората фаза е план за исхрана и стабилизација и одржување на килограмите и трае исто така 14 дена. Еден третман од 14 дена овозможува намалување на телесната тежина за 7 до 10 отсто.

Современата исхрана изобилува со шеќери, кои заедно со хормонот инсулин доведуваат до наталожување масни наслаги и до дебелеење. Липосукциската исхрана значи обратно – внесување здрави и заситени масти, а избегнување шеќери. Бидејќи мастите, за разлика од шеќерите, не се само празни калории, телото е снабдено не само со двојно повеќе енергија, туку и со есенцијални нутриенти. Иако липосукциската исхрана, во поширока смисла, е стил на живеење, таа својата популарност ја стекна најмногу благодарение на диетотерапевтските третмани, т.н. неинвазивна липосукција. Еден третман од 14 дена овозможува намалување на телесната тежина за 7 до 10 отсто.

Фото: Промо

– Од храна е дозволено сѐ она што вашата баба би го препознала како храна. Не треба да се консумираат шеќери, рафинирани растителни масла, маргарин, житарки, сокови и слатки, инстант-супи, храна од ќесички, туби, конзерви, кутии, тетарпак и слично. Секогаш треба да се снабдиме со свеж сезонски зеленчук, а неизоставни намирници се и маслиново масло, путерот, јајцата, полномасни сирења, месото, рибата, кефирот – истакнува нутриционистот Кенан Мандра и додава дека липосукциската исхрана е против броењето калории, туку е за тоа од каде тие калории доаѓаат.

липо центар
Фото: Промо

 Моќта на „Липо алфа“ и „Липо бета“ во забрзаното слабеење

Како додатоци во исхрана при липосукциската диета се суплементите „Липо алфа“ и „Липо бета“.

– Протоколот за слабеење се состои од две фази. Првата фаза е липо третман со примена на препаратите „Липо алфа“ и „Липо бета“ и трае 14 дена. Втората фаза е план за исхрана и стабилизација и одржување на килограмите и трае исто така 14 дена. „Липо алфа“, прашок во ќесички, е додаток на исхраната, базиран на концентрат од протеини на сурутка, со додаток на глукоманан, таурин, калиумов цитрат, трикалциумов фосфат, витамините Б6 и Б12, цинк и засладувачот сукралоза. „Липо бета“, пак, се аминокиселини во капсули, додаток кон исхраната базиран на аминокиселините Л цитрулин, Л орнитин-алфа-етоглуторатат, Л изолеуцин и Л триптофан. И „Липо алфа“ и „Липо бета“ се произведуваат во Германија според највисоки стандарди, а се регистрирани како додаток во исхраната во надлежните институции во Република Северна Македонија – објаснува д-р Валентина Крстеска, раководителка на центарот „Липо диет“.

Фото: Промо

Како функционира липосукциската исхрана?

Протоколот за неинвазивна липосукција им овозможува на лицата што имаат проблеми со прекумерна акумулација на масно ткиво да го „натераат“ телото, преку активација на метаболизмот на мастите, да се храни со сопствените масни резерви. Трошиме масти ‒ добиваме енергија. Со помош на хормонот липаза, маснотиите се разградуваат на слободни масни киселини и се транспортираат со крвотокот. Механизмот на дејствување на Протоколот за слабеење е целосно природен и се темели на синергиското дејствување на аминокиселините, протеините, глукомананот, а и на комплексите од витамини и минерали, во комбинација со правилна и урамнотежена исхрана. Протоколот го поттикнува растот на тврдите и меките ткива, влијае врз метаболизмот и врз регулацијата на нивото на шеќер во крвта. Синергиското дејствување на активните состојки се гледа во трите различни улоги во метаболизмот: ја забрзува синтезата на протеините, го поттикнува разградувањето на мастите и го забрзува ослободувањето на гликозата од црниот дроб.

Закажете ја вашата бесплатна консултација во „Липо диет“ центарот на „Интернешнал хелт“ Македонија (на улица „Димитрие Чуповски“ бр. 22) или јавете се на телефоните 02 3151714 и 070 535033

 

*Комерцијална ПР објава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот