„Фит бабичка“: 81-годишната Германка инспирира на социјалните мрежи

фитнес баба
фото: принтскрин инстаграм

Ерика Ришко од Германија стана хит на социјалните мрежи, откако почна да објавува видеа на кои прави разни вежби и комуницира со своите обожаватели на 81-годишна возраст.

Од објавувањето на нејзиното прво видео на „ТикТок“ во април 2020 година, таа има над 117,000 следбеници и собра над 2,2 милиони лајкови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Erika Rischko (@erikarischko)

Имено, Ришко првпат се појави на социјалните мрежи кога започна пандемијата на коронавирусот и сите теретани мораа да стават клуч на врата.

Ерика вели дека можеби најзаслужна за нејзината интернет-слава е нејзината ќерка која ја убедила да сними неколку видеа од нејзиниот тренинг и да ги сподели со пријателите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Erika Rischko (@erikarischko)

Покрај видеата во кои танцува со нејзиниот сопруг, Ришко успешно заврши и неколку предизвици за фитнес на „ТикТок“. Таа исто така започна да објавува видеа од нејзините вообичаени дневни тренинзи.

Врз основа на нејзините видеа на социјалните мрежи, скоро е тешко да се поверува дека фитнесот не бил отсекогаш важен дел од нејзиниот живот. Всушност, оваа фитнес бабичка започнала да вежба дури на 50-годишна возраст.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Erika Rischko (@erikarischko)

Кога и двете деца се иселија од куќата, се чувствував осамено“, откри таа во едно интервју.

Затоа, се одлучила да се запише во теретана. На почетокот не била премногу заинтересирана за тоа и можеби пет години не наоѓала задоволство во фитнесот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Erika Rischko (@erikarischko)

Тогаш полека почнав да тренирам повеќе, па дури и се приклучив на некои три до четири часовни предизвици во спин класа и натпревари во веслање“, објасни таа.

Денес Ришко вежба двапати на ден, неколку дена во неделата и сака да испробува нови работи во теретана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот