ФИРТ објави нов повик за грантови за микро, мали и средни претпријатија

Фондот за иновации објави нов јавен повик за микро, малите и средни фирми во земјава. Според соопштението одвоени се 5 милиони евра за оваа намена при што од буџетот се 3 милиони евра, додека Светска банка обезбеди 2 милиони евра.

Максималната сума за која компаниите може да аплицираат изнесува 350.000 евра.

Грантот за средните компании е 60% од износот, а пак грантот за микро и малите фирми е до 70% од износот за проектите. Самите апликанти се обврзуваат да го финансираат остатокот од сумата. Според ФИТР овој повик ќе трае до 15 мај.

За грантови преку Фондот за иновации објавени се и нови услови за аплицирање. Една од новините е обврската на корисниците на финансиска помош да враќаат пари во ФИТР. Имено, од кога ќе почнат да остваруват приходи од иновацијата за која што добиле грант, ќе треба по 5% од остварените приходи на годишно ниво да враќаат во ФИТР.

Таа обврска ја имаат 5 години од моментот кога ќе почнат да остваруваат приходи. При тоа вкупниот износ што се враќа не треба да надмине 120% од износот за кој што аплицирале.

Така ФИТР очекува да креира партнерски однос со компаниите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот