Фирмите со позитивен резултат треба да вратат 19,6 милиони евра од земената државна помош

Фото: Архива

Фирмите што земаа помош од државата за да се справат со последиците од ковид кризата, а кои покажале позитивни резултати, сега ќе треба да ги враќаат парите. Првото враќање веќе стигнува овој месец, а тие заклучно до 31 март до УЈП требале да ја достават бараната документација.

– Вкупната исплата на мерките кои се спроведоа преку УЈП изнесува 8.350.781.472 денари, или 135.344.918 евра. Обврската за враќање на примената финансика поддршка е 1,209.250.778 денари, или 19.598.878 евра, односно 14,5 отсто од вкупната исплатена финасиска помош – рече директорката на УЈП Сања Лукаревска.

Фирмите и самостојните вршители на дејност имаа можност да земат финансиска помош за исплата на плати за април, мај и јуни и за октомври, ноември и декември и постоеше можност за субвенционирање на придонесите за април, мај и за јуни. Според регулативата, компаниите не го враќаат целиот износ. Тие враќаат најмногу до износот од 50 отсто од остварениот финансиски резултат пред оданочување за 2020 година, а дополнително, согласно регулативата имаат и признати трошоци.

Помошта земена за април, мај и јуни минатата година, се враќа во април, мај и јуни годинава, односно на 3 рати без камата. А, помошта земена за октомври, ноември и декември лани се враќа во октомври, ноември и декември годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот