Фирмите не ги исполнуваат договорите: Во зоните „фалат“ 7.300 вработувања и околу 100 милиони евра во инвестиции!

Архива на СП

Со преземните обврски од договорите, странските компании во технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ) треба да имаат околу 21.000 вработени, а сега се вработени околу 14.000 – изјави директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Јован Деспосовски, во својот отчет за реализраните инвестиции.

– Уште 7.300 луѓе треба да се вработат во зоните, а ние ќе ги мотивираме компаниите што брзо, па и предвремено, да ја реализиираат динамиката – рече Деспотовски.

Во однос на планираните инвестиции, според писмата со намери на актуелните инвеститори во ТИРЗ, биле дефинирани 450 милиони евра, но договори се потпишале за 350 милиони, а се реалзирале околу 305 милиони евра.

– Разликата меѓу намерата и реализацијата е околу 100 милиони евра. Ние ќе бидеме фокусирани кон нови инвеститори, но и кон тоа да се реализираат преземените обврски од  постоечките, па дури и да се надминат договорените инвестиции. Сегашната реализација на инвестициите, во однос на декларативните, е 67 проценти – рече Деспотовски.

Тој најави и нов пристап во работењето на ТИРЗ. Фокусот ќе биде на компаниите кои создаваат поголема додадена вредност, што всушност се компании од кои државата има поголема добивка. Потоа, ќе се креира модел на единствена влезна точка, а тоа значи и за домашните и за странските компании исти услови обезбедени од државата. Државата планира да вложи 15 милиони во ифраструктурата на зоните. Исто така, ќе се работи и на вклучување на домашните компании во големите синџири на странските компании.

Државната помош за минатата година за компаниите во ТИРЗ била 10,6 милиони евра, а Деспотовски најави транспарентен список за тоа која компанија колку пари добива поединечно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот