Фирмите може да аплицираат за помош за плати, половина од парите се подарок

Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Од денеска па до 30 април, фирмите и самостојните вршители на дејност може да аплицираат за финансиската помош за плати за февруари и за март. По изгласаниот закон, денеска се објавени и правилниците согласно кои тие можат да го извршат аплицирањето во УЈП, информира министерот за финансии Фатмир Бесими на прес конференцијата која е во тек.

Тој рече дека новина овојпат е тоа што фирмите и самостојните вршители на дејност нема да враќат половина од добиениот износ и тоа со ништо не е условено. А доколку, пак, вложуваат пари во основни средства, тогаш сите пари им се 100 проценти грант.

– 2021 година е година на ревитализација и сите мерки се во таа насока – рече Бесими.

За февруарската и мартовската плата се издвоени 31 милион евра. Со мерката се планира да бидат опфатени 60.000 работници. Помошта е од 14.500 денари до 21.776 денари по работник и зависи од тоа колку е намален приходот на компанијата што аплицира за помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот