Фирмите може да аплицираат за февруарска помош цел март

Фото: mia.mk

Законот за финансиска помош за фирмите за исплата на плати не е поставен на дневен ред во Собранието, но вицепремиерот Фатмир Битиќи ги смирува компаниите со образложение дека аплицирањето за помошта, овој пат, место до 10-ти во месецот ќе биде цел март.

– Поради блокадата во Собранието го изнајдовмне ова решение. Знам дека тоа ќе значи дека фирмите треба треба прво да издвојат пари, а потоа да ги добијат назад од државата. Но, поинаков модел нема. Тоа е цената на демократијата. Ние сме извршна власт, а Собранието е законодавна – рече Битиќи на средбата во Стопанската комора која тој и министерот за финансии Фатмир Бесими ја одржаа со претставници на повеќе компании.

Министерот Бесими потенцираше дека предлог – законот за финансиска помош е даден во Собранието уште пред 15-тина дена, но дека има и многу други економски закони предадени уште во ноеммври, а кои чекаат на ред.

Претедателот на Стопанската комора Бранко Азески апелираше до пратениците да не ги кочат законите во Собранието затоа што така и нанесуваат удар на економијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот