Фирмите да поднесат барања до Општина Тетово за да може да работат викендов за време на полицискиот час

Фирмите и маркетите ќе можат да носат намирници за време на полицискиот час викендов, но потребно е да се пријават во Општина Тетово. Пријавите треба да се достават на електронската адреса [email protected] или да достават барање до архивата на Општина Тетово – утре (четврток ) од 8:00 до 14:00 часот. Барањата се истакнати на интернет страницата на општина Тетово www. tetova.gov.mk

-Ќе биде дозволено движење на максимум 10 вработени лица пријавени, вклучувајќи ги и доставувачитe  кои треба да имаат соодветна заштитна опрема. Исто така, сите аптеки на територијата на општината кои ќе работат за време на полицискиот час за време на викендот, задолжително да ги испратат потребните податоци на истата електронска адреса до четврток до 14 часот. Ова е потребно за навремена координација со мобилните тимови на Општина Тетово и тетовскиот Црвен крст и СВР Тетово, соопшти Општина Тетово.

Да се пријават во Општина Тетово треба и економските оператори кои се регистрирани да вршат достава на храна преку онлајн порачки на и-мејлот [email protected]

Со одлука на Кризниот штаб и утре четврток нема да работат зелените пазари во насока на превенција од ширење на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот