Фирмино за прва светска титула на Ливерпул! (ВИДЕО)

фото: твитер

Ливерпул до триумфот над Фламенго дојде до првата титула светски шампион во клупската историја. После 120 минути игра беше 1:0.

Дуелот на „Калифа“ стадионот во Доха не донесе премногу возбудувања, посебно тоа се однесува на првото полувреме кога воглавно се играше меѓу двата казнени простори.

Европските шампиони поангажирано го започнаа второто полувреме. Веќе во 47. минута Фирмино ја погоди стативата, а три минути подоцна добра шанса пропушти и Салах.

Но, и најдобриот јужноамерикански клуб не остана без одговор. Во 53. минута се закани Габриел, но Алисон не дозволи да биде совладан.

До крајот на регуларните 90 минути тимот на Клоп беше уште подоминантен, судијата Ал Јасим во судиското надополнување досуди пенал за Ливерпул, но после прегледувањето на ВАР снимката, ја поништи својата одлука.

Победникот беше одлучен во 99. минута, една одлична контра на премиерлигашот со гол ја круниса Бразилецот Фирмино кој реализираше и им „пресуди“ на своите сонародници.

Претходно во борбата за третото место Монтереј од Мексико после изведувањето на пеналите (4:3) беше подобар од Ал Хилал од Саудиска Арабија, по регуларните 90 минути беше 2:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот