Фирмињо неизвесен за Барселона

EPA-EFE/PETER POWELL

Екипата на Ливерпул можно е на гостувањето кај Барселона во првиот полуфинален натпревар во ЛШ да биде ослабена со неиграњето на Роберто Фирмињо, кој се пожали на повреда на бутниот мускул.

– Фирмињо тренираше во четвртокот сосема нормално. Вежбавме прекини и се беше во ред со него. Не видов кога се повреди, најверојатно при крајот на тренингот почувствува болка. Боби е неверојатен борец, тешко можете да го одвоите од топката. Не сакавме да ризикуваме и затоа не играше против Хадерсфилд, но ако постои и најмала шанса, тој ќе игра против Барселона – изјави Клоп.

Фирмињо ќе патува со екипата за Барселона, но конечната одлука дали ќе настапи на натпреварот во среда ќе ја донесе лекарскиот тим непосредно пред стартот на средбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот