Фиорентина доби газда Американец

Екипата на Фиорентина од денеска има нов сопственик, италијанско-американскиот милијардер Роко Комисо кој клубот го купи од семејството Дела Вале за сума од 170 милиони евра.

– Имам шанса да отворам ново поглавје на легедарниот клуб како Фиорентина. Фиренца е светски познат град и на најдобар начин ја презентира италијанската култура. Во овие три години колку што преговарав за купување на клубот увидов колку Фиорентина е важна за овој град и нејзините навивачи. Сакам да им се заблагодарам на семејството Дела Вале што беа фантастични сопственицина овој клуб во последните 17 години. Го спасија клубот од банкрот и ни оставија стабилни темели на кои ќе продолжиме да го креваме на едно повисоко ниво – изјави Комисо.

Екипата на Фиорентина зад себе нема успешна сезона, го освои 16. место во Серија А, а опстанокот го обезбеди во последното коло.

Новиот сопственик на Фиорентина, Роко Комисо е роден во Италија но уште во детството со родителите се пресели во САД каде стана милијардер. Рој е сопственик на петтата најголема кабловска телевизија во САД, „Медиаком“ и на фудбалскиот клуб Њујорк космос, а неговото богатство се проценува на 4.9 милијарди евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот