Финскиот премиер поднесе оставка

Фото: EPA-EFE/PEKKA SIPOLA

Премиерот на Финска, Анти Рине поднесе оставка на состанок на неговиот кабинет со претседателот Саули Нинист.

Оставката на Рине доаѓа во време кога еден од неговите коалициони партнери соопшти дека повеќе немаат доверба во него по неодамнешен спор поради пазар на труд во кој е вмешана државната поштенска служба.

Пренесувањето на 700 работници во договори со пониска плата предизвика 17-дневен штрајк, што заврши минатата недела.

Државната министерка за социјални работи, Сирпа Паатеро, од Социјалдемократите поднесе оставка минатата недела, откако се покажа дека таа не спречувала „аутсорсинг” во државната пошта.

Најспоменуван за наследник на премиерот засега е 34-годишната министерка за транспорт и врски Сана Марин, членка на социјалдемократите, која доколку стане шеф на владата, ќе биде најмладиот премиер на Финска во историјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот