Финскиот Парламент го одобри предлогот за аплицирање за членство во НАТО

Пека Хависто
Пека Хависто / Фото: EPA-EFE/KIMMO BRANDT

Финскиот парламент со големо мнозинство го одобри предлогот за членство во НАТО.

„Од 200 пратеници, 188 гласаа „за“, а осум беа против апликацијата“, изјави претседателот на парламентот, Мати Ванханен.

Министерот за надворешни работи Пека Хависто рече дека одлуката не е причина за славење, бидејќи „во Европа има војна“.

„Членството на Финска во НАТО нема да ја промени нашата основна позиција дека секогаш ќе бараме мирни решенија. Ние сме мирен народ, кој пред сè ќе бара дипломатски решенија за секој конфликт“, рече Хависто.

Против апликацијата беа дел од пратениците од Левата алијанса, кои посочија дека финската граница ќе стане граница меѓу војската на НАТО и Русија.

Видео на денот