Финскиот МНР Пека Хависто, на билатерална средба со Димитров во Скопје

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Министерот за надворешни работи на Република Финска Пека Хависто денеска и утре престојува во официјална посета на нашата земја во рамки на која е предвидено да оствари средби со неговиот колега министерот Никола Димитров, претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев.

Во Министерството за навдорешни работи утре ќе се одржи билатерална средба меѓу делегациите на двете министертва по што е предвидена заедничка прес-конференција на министрите Димитров и Хависто.

Посетата се одржува во клучен период за европската иднина на нашата земја и во време кога Финска претседава со Советот на ЕУ.

Фокус на разговорите, како што се вели во соопштението од МНР, се очекува да биде ставен врз очекувањата и перспективите на Република Северна Македонија, постигнувањата од домашната реформска агенда и напредокот во добрососедските односи, како и активностите и поддршката од страна на тековното финско претседателство, а во пресрет на октомврискиот Совет на ЕУ.

Во рамки на посетата на Хависто предвидени се и средби со претседателот Стево Пендаровски, како и со премиерот Зоран Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот