Финска влезе во втората фаза на епидемијата

epa08458004 People in newly re-opened Oodi central library in Helsinki, Finland, 01 June 2020. Cafes, restaurants, museums, libraries, swimming pools re-opened on 01 June 2020 EPA-EFE/KIMMO BRANDT

Финска влезе во „втората фаза” на епидемијата на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство, откако властите поставија нови ограничувања за доаѓање од некои земји од Европската унија.

Белгија, Холандија и Андора се отстранети од зелениот список на земји, а туристите кои доаѓаат од таму мора да одат во 14 дена карантин.

– Ситуацијата е исклучително деликатна, рече Лиза-Марија Воипио-Пулки од стратешкиот тим на Министерството за здравство, додавајќи дека „почнала некоја друга втора фаза”.

И покрај зголемувањето на бројот на новозаразени, Финска сè уште има најниска стапка на зачестеност во Европа, со два нови случаи на 100.000 лица во последните 14 дена.

Досега во оваа нордиска земја со 5,5 милиони луѓе, пријавени се 7.532 заразени со Ковид-19 и 331 смртни случаи.

Властите соопштија дека „планот за есен” ќе биде објавен следната недела и со него ќе се утврдат нови мерки што ќе се воведат доколку вирусот продолжи да се шири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот