Финска: Кучињата намирисуваат ковид-19 со речиси идентични резултати како ПЦР тестовите

Фото: EPA-EFE/MAURI RATILAINEN ATTENTION: This Image is part of a PHOTO SET

Истражување во Финска со кучиња кои можат да намирисаат заболен од новиот коронавирус, покажуваат дека може да дојда до, речиси, идентични резултати како од ПЦР тестовите. Три кучиња намирисале 2.200 патници кон крајот на септември на аеродромот Хелсинки-Ванта и откриле ковид-19 кај 0,6 отсто од патниците.

– Од 16.000 до 17.000 ПЦР тестови што беа направени на аеродромот, помалку од еден процент од патниците беа позитивни, изјави градоначалникот на Ванта, Тимо Аронкјито.

Четири кучиња од различни раси, обучени од финското Здружение за откривање на мириси, од 23 септември почнаа со „работа” на аеродромот во Хелсинки. Истражување на алтернативни методи за тестирање на ковид-19 е проект финансиран од финската Влада и ќе трае до декември.

Финска се одлучи на такво тестирање, откако во студија на Ветеринарниот факултет на Универзитетот во Хелсинки навести дека дресирани кучиња можат да го откријат новиот коронавирус со сто проценти сигурност.

Патниците кои се согласни бесплатно да се тестираат на аердромот во Хелсинки не мора да имаат директен физички контакт со кучето. Тие требаа само да се избришат со марамче и да го стават во тегла, а потоа кучето го мириса во одвоена кабина.

Финска е втора земја во светот која обучи кучиња за детектирање на ковид-19. Такво тестирање летово беше спроведено во главниот град на Обединети Арапски Емирати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот