Финска ќе почне со олабавување на ковид-рестрикциите порано од планираното

Фото: EPA-EFE/KIMMO BRANDT

Финска ќе почне постепено да ги ублажува ограничувањата наметнати поради ковид-19 веќе на 1 февруари наместо во средината на февруари, како што беше првично планирано, во услови на забележано растоварување на болничкиот систем, соопшти синоќа Владата.

На 18 јануари, премиерот Сана Марин објави дека Финска ќе почне со олабавување на мерките од средината на следниот месец, но знаците за стабилизација на морбидитетот во земјата ја натераа владата да ги промени своите планови.

– Товарот на единиците за интензивна нега се промени на подобро, рече финската министерка за социјална заштита и здравство, Хана Саркинен.

Таа појасни дека владата одлучила да започне со претпазливост со ублажување на ограничувањата, со тоа што работното време на рестораните наместо до 18 часот сега е продолжено до 21 часот. Исто така, се препорачува локалните власти да дозволат отворање на културни и спортски центри како што се спортски сали, базени и театри од почетокот на февруари.

Финска останува меѓу најмалку погодените земји во светот од пандемијата. Според здравствените власти во земјата, досега во Финска се регистрирани 470 665 случаи на ковид-19, со население од 5,5 милиони и 1919 смртни случаи.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот