Финска и Шведска ги предадоа апликациите за влез во НАТО

Јенс Столтенберг Финска Шведска
Јенс Столтенберг / Фото: EPA-EFE/JOHANNA GERON

Шведскиот и финскиот амбасадор официјално ги доставија своите апликации за членство во НАТО до генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. Тоа се случи во седиштето на НАТО, а официјалниот одговор се очекува за неколку недели. Правилата за влез на нова членка во блокот бараат едногласна согласност од сите сојузници.

Според дипломатите, во случај на позитивна одлука, постапката за ратификација би можела да потрае околу една година.

„Вие сте нашите најблиски партнери“, изјави Столтенберг по добивањето писма од амбасадорите на двете земји со барање за приклучување кон Алијансата.

Прифаќајќи ги апликациите во седиштето на НАТО, Столтенберг истакна дека потегот е „историски чекор“ во „критичен момент“ за европската безбедност.

Јенс Столтенберг Финска Шведска
Фото: EPA-EFE/JOHANNA GERON

Шефот на НАТО додаде дека Алијансата ќе ја процени кандидатурата за членство што е можно побрзо, но безбедносните интереси на сите сојузници „мора да се земат предвид“.

Шведска вчера достави официјално барање за влез во НАТО, а пратениците во Финска формално ја одобрија одлуката со големо мнозинство. Повеќето сојузници ја поздравуваат одлуката на двете земји и даваат позитивен сигнал за нивниот глас.

Сепак, Турција засега е со став дека ќе го искомплицира нивното пристапување, нагласувајќи дека не може да им дозволи на овие две држави да станат членки поради нивната наводна неактивност против протераните курдски екстремисти.

Сите 30 актуелни земји на НАТО мора да се согласат да ја отворат вратата за нови членки, а одлуката, според правилата, мора да биде донесена едногласно.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот