Финска драстично ќе го намали бројот на издадени туристички визи за Русите

Фото: Profimedia

Финска, од 1 септември, ќе го ограничи бројот на визи издадени за руски туристи на 10 отсто од нивниот сегашен број поради зголеменото незадоволство на јавноста поради руската инвазија на Украина.

„Издавањето туристички визи нема целосно да запре, но нивниот број значително ќе се намали“, изјави денеска финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто.

Тој прецизираше дека за оваа цел ќе се скрати работното време на конзулатите за издавање туристички визи. Ова е неопходно бидејќи не може да се воведе забрана за издавање виза поради националноста на апликантите.

Кога се разгледуваат апликациите на Русите, приоритет сега ќе се даде на издавањето „други видови визи: посета на роднини, семејни контакти, работа и студирање”, истакна Хависто.

Финска моментално обработува речиси 1.000 руски апликации за виза дневно, изјави министерот за надворешни работи за јавната телевизија Јуле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот