Финишот кобен за МЗТ Скопје

Екипата на МЗТ Скопје со пораз ја започна новата сезона во АБА2 лигата која поради пандемијата на коронавирусот се игра во турнирски систем. Металците загубија со 74:72 од дебитантот во ова натпреварување, Подгорица.

Натпреварот помина во израмнета игра во текот на сите 40 минути, за во финишот Мусиќ од линијата за слободни фрлања на девет секунди до крајот да го одлучи победникот.

Првата четвртина ја доби Подгорица со 16:12 и тоа благодарение на четирите поени на Мусиќ во последните 15 секунди. Во втората четвртина поинаква слика, се разигра Андрија Бојиќ кој во првото полувреме постигна дури 20 поени и „металците“ на одмор заминаа со предност од два поени (40:38).

Третата четвртина подобро ја отворија избраниците на Ѓорѓи Кочов кои прво направија предност од поголема од пет поени (61:54), но одговорот на противникот на крајот третата и стартот на последната четвртина од беше серија од 2:11 со која се врати резултатската неизвесност.

Од средината на последната четвртина па до крајот се изграше речиси поен за поен, а последната предност на МЗТ Скопје беше на две минути до крајот (70:69). Потоа Копривница и Мусиќ постигнаа поени за предност од 70:73. На 35. секунди до крајот Гравет намали на 72:73, но на девет секунди до крајот Гочер прави прекршок над Мусиќ кој го погоди едното од двете слободни фрлања. Во последниот напад Гравет ја загуби топката што значеше пораз на МЗТ Скопје.

Андрија Бојиќ со 24 поени и девет скока беше најдобар во редовите на МЗТ Скопје, а се истакнаа и Тодрик Гочер забележа 21 поен и Хасани Граветсо 14 поени и 5 асистенции.
Наредниот натпревар „металците“ ќе го играат против Сутјеска во четврток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот