ФинХакатон 2 за изготвување иновативна маркетинг стратегија за „МојДДВ, #МојаНаграда”

Фото: МИА

Министерството за финанансии и Фондот за иновации и технолошки развој организираат ФинХакатон 2 чија цел е изготвување иновативна маркетинг стратегија за наградна игра „МојДДВ, #МојаНаграда”.

На презентацијата е најавено обраќање на министерката за финансии Нина Ангеловска и директорот на ФИТР Јован Деспотовски.

ФинХакатон 2: „МојДДВ, #МојаНаграда” е наменет за маркетинг агенции и други домашни компании што може да понудат иновативна маркетинг стратегија.

Со цел поддршка на младите, заинтересираните компании во својот тим ќе треба да вклучат и студенти со запишани студии од областа на економија, право, организациски студии, технички науки, дизајн, односи со јавност или сродни студии.

Наградната игра почнува следниот месец, а учествуваат сите кои скенираат фискални сметки, а наградите се парични.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот