Финците велат дека можат да го намирисаат вирусот со 100% сигурност: Кучиња трагачи во Хелсинки откриваат корона! (ФОТО)

Финска распоредила дресирани кучиња на аеродромот во Хелсинки за да може да откријат патници кои се заразени со коронавирус.

Четири кучиња од различна раса, кои ги обучувало финското здружение за откривање мирис, во средата започнаа да „работат“ на аеродромот, а финансирани се од томошната влада, наведува АП.

Станува збор за четиримесечно испитување на алтернативни методи за тестирање на коронавирус, која би можела да се покаже како исплатлив и полесен начин на откривање заразени патници.

Финска се одлучила на овој потег, откако студијата на Ветеринарскиот факултет во Хелсинки покажала дека дресирани кучиња може да откријат коронавирус со скоро 100 проценти сигурност, пренесува Скај Њуз.

Професорката од Унивирзетот во Хелсинки, Ана Хјелм Бјоркман, оценила дека станува збор за ветувачка метода и порачала дека ако тоа функционира, тоа ќе биде добар метод за скрининг и на други места.

Како пример, местата на кои би можеле да бидат обучените кучиња се болниците, градинките, домовите за стари лица, спортски и културни случувања и друго.

Фото: Твитер

Таа навела дека Финска е втора земја во светот, а прва во Европа која им дава на кучињата да откријат коронавирус.

Слична програма почна да се спроведува на аеродромот во Дубаи за време на летото.

Патниците кои прифатиле бесплатно да се тестираат во рамките на оваа програма во Хелсинки, не мораат да имаа директен физички контакт со кучето.

Тие треба да се избришат со крпа, потоа ја ставаат во тегла, која потоа им се дава на кучињата во одвоена кабина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот