Финците не ги потценуваат одбојкарите – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Финците не ги потценуваат одбојкарите

Првиот противник на Македонија на Европското првенство во одбојка е репрезентацијата на Финска.

Одбојкарската репрезентација на Македонија утре (17.30 ч.) во Љубљана ќе дебитира на едно Европско првенство. Одбојкарите за прв противник ја имаат селекцијата на Финска во чии редови предупредуваат дека никако не смее да се потцени дебитантот.

– Победа над Македонија на првиот натпревар ќе ни ја зголеми самодовербата, но тоа не значи дека не очекува лесна задача. Доколку ги погледнете натпреварите на двете репрезентации, може да се утврди дека по квалитет се речиси еднакви и во такви моменти победникот го одлучува мотивацијата. Едно е сигурно и тоа им го повторувам на моите играчи, Македонците знаат да играат одбојка и мораме да бидеме внимателни – вели селекторот на Финска, Џоел Бенкс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close