Финансова ја „чешла“ општина Гостивар, вработувањата и трошењето пари на вработените се предмет на истрага

Градоначалникот Арбен Таравари ја потврди информацијата и напомена дека станува збор за селективност и притисок на централната власт кон раководството на локалната самоуправа.

Финансиското работење на општина Гостивар деновиве се контролира од финансиската полиција и други инспекциски органи. Предмет на контрола биле вработувањата во општината и трошењето на пари за вработените. Инспекторите посебно се интересирале за вработените со договори.

Градоначалникот Арбен Таравари ја потврди информацијата и напомена дека станува збор за селективност и притисок на централната власт кон раководството на локалната самоуправа.

Таравари нагласи дека вели дека како институција не се против контролите на државните органи, но е категоричен дека не треба да се има селективен пристап.

– На овој начин старо-новата влада ја продолжува „војната од сенка” со раководството на општина Гостивар и со тоа ги затвора вратите за институционална соработка. Наместо да ги решаваат бројните афери со рекетирање, приватизации, малверзации и да постапуваат по препораките на Прибе, тие доаѓаат во Гостивар. Кај нас има 109 вработени, а во Тетово 550 и таму не се контролира. Ни пречи таа селективност и сметам дека на ваков начин сакаат да нè заплашат, рече Таравари.

Тој потенцира дека инспекторите ги зеле потребните податоци и информации и смета дека тоа нивна должност, а доколку имаат забелешки или откријат неправилности, подготвен е да сноси одговорност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот