Финансиско освежување за шведската економија: „Инјекција“ од 12 милијарди долари за излез од корона-кризата

Фото: EPA-EFE/ANDERS WIKLUND SWEDEN OUT

Активностите во националната економија во оваа година ќе се намалат за околу 4,6 проценти, соопшти денеска шведската Влада и додаде дека во 2021 година ќе „вбризга” 105 милијарди круни или 12 милијарди долари буџетски средства во економијата.

– Заедно ќе работиме на закрепнување на Шведска од корона-кризата за да изградиме поодржливо општество, се вели во соопштението на малцинската коалиција.

Буџетските мерки, како што се намалување на даноците за граѓаните и за компаниите, како и повеќе средства за секторот за социјална заштита, веќе се широко познати во Шведска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот