Финансиски крах на Премиер лигата: Откажување на сезоната ќе ги чини милијарда евра

twitter/Forbes

Кај англиските екипи но и челниците на екипите се појави нов страв, дека вирусот се уште не го достигнал зенитот во Англија и дека се почесто се поставува прашањето дали воопшто ќе има фудбал наредната сезона.

Екипите од Премиер лигата се подготвуваат за сериозен финансиски удар поради паузата во првенството поради пандемијата на коронавирусот, но полека се подготвуваат и за сценариото да нема фудбал и следната сезона.

Најпопуларната светска лига моменто е во „карантин“ до 30. април, а доколку не се доигра сезоната тогаш Премиер лигата ќе мора да плати пенали во висина од околу 850 милиони евра поради неисполнување на договорот за ТВ правата.

Сите 20 екипи од Премиер лигата помеѓу себе делат дури три милијарди фунти, сума која ја плаќаат телевизиите Скај Спортс и БТ Спорт за екслузивните права.

Иако челниците на Премиер лигата веќе прават планови и сценарија како да се доигра сезоната за да не се загубат парите, тие добија нов удар бидејќи од здравствените институции во Англија им е порачано дека коронавирусот во државата не го достигнал зенитот и прашање е дали ќе може да се игра и наредната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот