Финансиски извештај: Хотелите на Трамп со приходи од 15,1 милиони долари во 2020 година

Фото: EPA-EFE/ALBA VIGARAY

Приходите од најпознатите хотели на поранешниот американски претседател Доналд Трамп се намалени за минатата година, кога пандемијата силно ја погоди економијата, се наведува во финансискиот извештај објавен во средата, последниот ден од неговиот мандат.

Документот покажува дека хотелот „Трамп Интернешнл” во Вашингтон заработил 15,1 милиони долари во 2020 година и во првите три недели од 2021 година, што е за 62,7 проценти помалку во однос на 2019 година.

Слично е со недвижнините на Трамп во Лас Вегас, чии приходи паднаа за 60,5 проценти на 9,2 милиони долари и со неговиот терен за голф во Флорида, „Трамп Национал Дорал“, чии приходи се пониски за 42,7 проценти и изнесуваат 44,2 милиони долари.

Ретко позитивно салдо е клубот на Трамп, „Мар-а-Лаго“ во Палм Бич, Флорида, каде ќе живее откако го напушти Вашингтон. Приходите на одморалиштето, во кое Трамп повремено примаше политички сојузници и странски гости, скокнаа за 13 отсто минатата година на 24,2 милиони американски долари.

Редовниот финансиски извештај што Трамп требаше да го пополни, нуди еден од најкомплетните увиди во финансиите на милијардерот за недвижнини, кој упорно одбиваше да ги објавува своите даночни пријави, и покрај вообичаената практика на претходните претседатели.

Во извештајот на 79 страници, детално е прикажан неговиот удел во компаниите и вклучува и подароци што Трамп ги добил како претседател меѓу нив и појас Ултимејт Фајт од 650 американски долари што го доби од Колби Ковингтон, борец и приврзаник на Трамп.

Во извештајот се вклучени и обврски од компаниите Трамп, вклучително и пет заеми, во вредност од најмалку 50 милиони американски долари. Повеќето од нив доспеваат во следните четири години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот