Финансиската криза од „2008“ нема да се повтори

фото ЕПА

Членот на Управниот совет на ЕЦБ, Пјер Вунш, не очекува повторување на финансиската криза од 2008 година и покрај турбуленциите предизвикани од колапсот на банката во Силиконската долина (SVB), тврдејќи дека европските банки биле предмет на построги правила од регионалните американски банки.

Акциите на банките на глобално ниво се под притисок откако SVB пропадна и швајцарскиот Credit Suisse беше принуден да искористи 54 милијарди долари за финансирање на централната банка, а сето тоа покрена прашања за други слабости во финансискиот систем, пренесува Investor.

„Немаме никакви информации што укажуваат на тоа дека европските банки се ранливи“, изјави Вунш, кој е и гувернер на белгиската централна банка БНБ, за белгискиот весник L’Echo.

„Ако ги погледнете белгиските банки, тие се во подобра позиција од просекот на европските банки. Затоа е многу тешко да се замисли повторување на финансиската криза“, изјави Вунш.

Според него клучно да се направи разлика помеѓу Европа и САД, каде што полабавата примена на правилата за капитализација им овозможи на некои регионални банки да преземат повисоки каматни ризици отколку што би било дозволено во Европа.

„Важно е да се направи разлика помеѓу Европа, каде банките подлежат на одредени правила, и САД – каде Credit Suisse, според мене, е посебен случај“, истакна .тој

„Не гледаме ниту ризик од ширење на нестабилност, ниту ризик од нестабилност ако ги гледаме бројките од рационална перспектива“, рече гувернерот на централната банка.

Запрашан за иднината на Credit Suisse, Вунш рече дека гледа само „многу мала“ веројатност банката да банкротира.

„Најпрвин , ситуацијата сама по себе не е толку лоша, и второ, швајцарските власти навреме би интервенирале доколку е потребно бидејќи се работи за банка од системско значење“, изјави Членот на Управниот совет на ЕЦБ, Пјер Вунш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот