Финансиска помош од 1,5 милијарди евра за Украина најавени на донаторска конференција

Мортен Бодсков
Мортен Бодсков на донаторската конференција што се одржува во Копенхаген / 11 август 2022 / Фото: EPA-EFE/Philip Davali

Група од 26 држави ветија 1,5 милијарди евра помош за зајакнување на одбранбените воени капацитети на Украина во војната против Русија, изјави денеска данскиот министер за одбрана Мортен Бодсков кој учествува на донаторската конференција што се одржува во Копенхаген.

Претходно украинскиот министер за финансии Сергеј Марченко соопшти дека Украина до септември ќе добие 4,5 милијарди долари помош од САД, и тоа три милијарди овој месец и уште 1,5 милијарди во септември.

Средствата ќе бидат искористени за „критично важни плаќања“, вклучително исплати за здравствена заштита и пензиии, појасни Марченко. Тој прецизираше дека парите што ги очекуваат во Киев се дел од пакетот финансиска помош од 7,5 милијарди долари што САД и Украина го договорија на почетокот на летото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот