Финансиска полиција: Парите кои влегле во ТВ Алфа се со неутврдено потекло

Сомнежите се дека нелегалните пари се обезбедуваат преку кривичното дело „перење пари”, односно преку реклами за производ кој кај нас не се продава.

Македонската финансиска полиција го истражува досието со црните пари од Унгарија со кои се финансирале медиуми во Скопје, наклонети на ВМРО ДПМНЕ. Сомнежите се дека нелегалните пари се обезбедуваат преку кривичното дело „перење пари”, а се отвара и сомнежот дека тие се од унгарските државни фондови за финансирање на медиуми. Главна фигура која се истражува е Петар Шац, унгарец, сопственик на телевизија Алфа од Скопје, приврзаник на Виктор Орбан, пишува ИРЛ.мк.

Во 2017 година словенечката компанија во сопственост на Шатц, Рипост, потпишала договор за рекламирање со Таргет Медиа, главната фирма за медиумските компании во Македонија. Документот има само две страни и е објаснето како Рипост треба да и уплати на Таргет медиа 2,94 милиони евра за реклами и други услуги во период од 21 месец.

Од Финансиската полиција во Скопје пренесуваат дека словенечката компанија на Шац на неговата Таргет медија во Македонија во период од август 2017 до февруари 2019 и пренела вкупно 2,85 милиони евра. Тие пари наводно се користеле за реклами на производи низ македонските медиуми, а практично преставуваат корумпирање на медиумите на ВМРО ДПМНЕ.

Првиот производ кој се рекламирал е маслиновото масло на Оливери. Се шпекулира и дека тоа масло се произведува во фирма на остров во Хрватска. Ова масло го нема на македонскиот пазар, но затоа имаше реклами на медиумите. Тоа е една од главните траги на истражителите- како се давале пари во медиумите да рекламираат производ кој не постои. Втора фирма за која се емитувале реклами е Бони Арт Дизајн, фирма за украсни производи. Интернет шопот на оваа компанија нуди приврзоци за клучеви, магнети за фрижидери, кристални чаши… Од македонската царина за ИРЛ потврдиле дека немаат податоци дека биле увезени продукти од Оливери или Бони Арт во Македонија. Со тоа се потврдува дека рекламите се емитувале залудно, односно имале цел само да ги оправдаат црните пари во медиумите.

Директорот на финансиската полиција Арафат Муареми вели дека истрагата е во тек и дека се во координација со финансиското разузнавање кое што е во комуникација со службите во Словенија со цел да целосно да ја откријат трагата на парите за да се утврди од каде се обезбедуваат и како стигаат до македонските медиуми. Финансиската полиција го известила Јавното обвинителство дека парите во македонските компании на Петар Шац, инаку сопственик на телевизија Алфа, се со неутврдено потекло, па дури и инситира на замрзнување на сметките на фирмите на Шац. Јавното обвинителство сега треба да преземе мерки да целосно расветлување на случајот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот