Финансиска инјекција од ЕУ: Италија, Шпанија и Полска добија 17 милијарди евра за зачувување на работните места

Европската Kомисија (EK) им исплати на Италија, на Шпанија и на Полска вкупно 17 милијарди евра во првата транша од поддршката за земјите членки на Европската Унија (ЕУ) со цел за зачувување на работните места.

Италија доби 10 милијарди евра, Шпанија шест милијарди, а Полска една милијарда евра.

Финансиските средства ќе помогнат за покривање на трошоците што се директно поврзани со финансирање на националните шеми за скратено работно време и други мерки кои се воведени како одговор на пандемијата на ковид-19, особено за самовработените.

Останатите исплати ќе се вршат во текот на следните месеци, по издавањето на соодветните обврзници со кои ЕУ се задолжува на меѓународниот пазар на капитал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот