Финансиска инјекција: Фондацијата на Бил Гејтс донира уште 70 милиони долари за вакцина против ковид-19

Фото: EPA-EFE/OLIVIER CHASSIGNOLE

Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс” донираше уште 70 милиони долари за развој и дистрибуција на вакцината против ковид-19.

Фондацијата соопшти дека 50 милиони долари ќе бидат донирани на „ГАВИ Ковакс“ механизмот, со кој предводи Глобалната алијанса за вакцинација (ГАВИ), додека 20 милиони долари ќе бидат наменети за Коалицијата за иновации против епидемии (ЦЕПИ).

Донацијата, според Фондацијата, е да се обезбеди сите да имаат еднаков пристап до тестовите, до лековите и до вакцината, кога ќе биде достапна, без оглед во кој дел од светот живеат.

Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс” почна со собирање донации за „ГАВИ Ковакс“ механизмот во јуни, а досега обезбеди 156 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот