Финансиите не беа единствена причина за заминувањето на Кастратовиќ

Зоран Кастратовиќ и Металург утрината изненадувачки ја прекинаа соработката.

Сега веќе поранешниот тренер одлучи да си замине од тимот од Автокоманда поради неисплатени финански долгувања кон него
, но претседателката на Металург, Зорица Блажевски вели дека финансиите не се единствена причина за заминувањето. Таа исто така истакна дека засега нема да се назначува нов тренер на првиот тим туку екипата ќе ја предводи Оливер Димитриовски.

– РК Металург спогодбено ја раскина соработката со тренерот Кастратовиќ. Лично му се заблагодарив за досега сработеното, од мое име и од име на клубот. Знаев за неговото размислување да си оди веќе некое време, но оставив сам да ја донесе одлуката. Покрај финансиите, како претседател бев информирана и за други причини поради кои преовлада одлуката за заминување, ги почитувам, како и одлуката за заминување, иако лично мислам дека се може да се реши со многу одлучност. Не е лесно да се работи во овие услови, малку средства, многу нервози, но следи период од месец-два во кој како и минатата година ќе се сервисира долгот преку ваучер системот. Металург чекор по чекор успешно се движи по патот што го зацртавме при моето назначување за претседател, на натпреварувачки но и на финансиски план. Како што најавив и претходно, останатите 30 % отприлика 140.000 евра, од старите долгови ќе бидат раздолжени до крајот на оваа година, а при стартот на новата сезона, Клубот спрема ниеден играч нема да има никакво долгување. Во овој момент нема да назначам нов тренер, првиот тим продолжува да работи со Оливер Димитриоски, во кој имам потполна доверба, а досега беше помошник тренер на Кастратовиќ. Најважното во овој период е сепак да го зачуваме здравјето, очекувам негативни тестови вечерва и од утре продолжуваме со работа. Веднаш штом излезат тестовите, ќе ја известам нашата Федерација и ЕХФ и продолжуваме со натпреварувањата. Нема време за жалење, пред нас е тежок корона период кој нема да не скрши, туку напротив, ќе не направи посилни – вели Зорица Блажевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот