„Finance Think”: Најголемата рецесија е предизвикана од затворањето на економијата и ограниченото движење

Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think” во најновиот квартален „Макроекономски монитор” оценува дека затварањето на економијата и ограниченото движење поради ширењето на корона вирусот ја предизвикале најдлабоката рецесија во македонската економија, при што Бруто домашниот производ во вториот квартал е намален на минус 12,7 проценти. 

На производната страна, како што се посочува, падот е најголем кај индустријата (-25.3 проценти) и трговијата, транспортот и угостителството (-23.4 проценти) поради ограничената меѓународна трговија и отежнатото движење, додека трговијата и угостителството страдале од наметнатото затворање и воздржаност од потрошувачка на неесенцијални добра и услуги.

На расходната страна, пад има кај извозот, увозот, инвестициите и потрошувачката, но тој е поголем кај извозот (-25.6 проценти), увозот (-31.3 проценти) и инвестициите (-29.6 проценти), додека кај потрошувачката е поблаг (-12.7 проценти). 

Намалувањето на БДП, како што посочува „Finance Think”, целосно се совпаѓа со нивната проекција од 11 април. Остануваат на проекцијата дека падот на БДП годинава ќе биде -3,8, а во третиот квартал -4,7 проценти.

– Но, двете проекции се под особено изразени негативни ризици, во целост детерминирани од времетраењето и потенцијалното влошување на кризата предизвикана од Ковид-19. Особено, овие проекции се изградени врз претпоставките дека економијата нема повторно да се затвори при евентуален нов удар од Ковид-19 есента 2020, како и дека економските текови ќе продолжат со разумно темпо на нормализација до почетокот на 2021, посочува „Finance Think” .

Во однос на невработеноста во вториот квартал, од „Finance Think” велат дека таа е зголемена на 16,7 проценти од претходните 16,2 проценти, но оти сепак растот е помал главно поради мерката за субвенционирање на плати која вкучуваше одредба за задржување на бројот на работици за време на користењето на мерката и два месеца по нејзиниот престанок.  

Помеѓу двата квартала, најмногу работни места, односно 12.000 или 24.2 проценти, се изгубени во дејноста транспорт и складирање.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот