Финалниот договор со Србија тема на средбата Тачи- Палмер

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, во текот на неговиот престој во САД, се сретна и со специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер.

Преку објава на Фејсбук, Тачи нагласи дека на средбата е разговарано за финалниот договор со Србија која треба да донесе меѓусебно признавање и членство на Косово во Обединетите Нации.

– На работната вечера со претставникот на Стејт департментот за Западен Балкан, Метју Палмер, со извршниот потпретседател на Атланскиот совет Дејмон Вилсон, со претставници на Сенатот и Конгресот и владините институции во Вашингтон разговаравме за можностите за постигнување финален договор со Србија, која ќе донесе меѓусебно признавање и членство на Косово во Обединетите Нации- напиша Тачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот