„Финалната битка“ на 20 јули за Скудетото!?

фото: твитер

Во првиот меѓусебен дуел сезонава, на својот „Олимпико“ триумфираше Лацио против екипата на Јуве со резултат 3:1.

И натаму нема официјален распоред за останатите натпревари сезонава во најсилното италијанско првенство. Според најавите, Серија А, после три месеци пауза поради пандемијата на коронавирусот, треба да се врати на 20 јуни, а прво се очекува да се врати фудбалот во оваа земја со мечевите од Купот.

Остана да се одигра уште третина од сезоната, дел од екипите пред себе имаат 12 кола, а други 13. Секако најинтересна ќе биде трката за титулата, особено доколку Лацио го продолжи одличниот ритам на резултати кој го имаше пред прекинот на шампионатот.

Бранителот на трофејот, Јувентус беше на врвот со 63 бодови, само еден повеќе од римските „небесно-сини“. И Интер (54) има некакви шанси, но како веќе да се „откажа“, па само чудо треба да се случи за да дојдат „неро-аѕурите“ до Скудетото.

Доколку Лацио и Јуве продолжат да редат победи, според „Кориере дело Спорт“ финалната битка за тронот би можеле да ја гледаме на 20 јули (понеделник) кога токму овие две екипи ќе се сретнат во Торино.

Во првиот меѓусебен дуел сезонава, на својот „Олимпико“ триумфираше Лацио со резултат 3:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот