„Финалисима“: Италија денеска против Аргентина на стадионот „Вембли“

Аргентина и Италија ќе играат на стадионот „Вембли“ во Лондон/Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Италијанската репрезентација иако доживеа голем неуспех во баражот за Светското првенство, каде загуби од Македонија, ќе има шанса да го освои трофеј на светско ниво.

За првпат во историјата ќе се игра натпревар „Финалисима“ која ќе стане традиционална во наредните години.

Договорот за кој станува збор е постигнат меѓу европската УЕФА и јужноамериканскиот КОНМЕБОЛ, а се среќаваат победниците на Европското првенство и Копа Америка. Денеска од 20:45 часот на стадионот „Вембли“ во Лондон, Италија ќе игра против Аргентина.

Италијанците лани во финалето на Евро 2020 ја победија Англија, додека Аргентинците беа подобри од Бразил во финалето на Копа Америка.

Ова е првпат да се игра ваков натпревар под ова име „Финалисима“. Потсетување дека од 1985 до 1993 година се играше Купот Артемио Франки, кој како и „Финалисима“ ги спојуваше најдобрите тимови на Европа и Јужна Америка.

ФИФА во март 2019 година објави дека Купот на конфедерации ќе биде укинат, а во февруари 2020 година УЕФА и КОНМЕБОЛ потпишаа нов договор за соработка до 2028 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот