Финалето во Лигата на шампионите во иднина ќе се игра во Њујорк

epa04053201 Confetti falls on the field at the end of Super Bowl XLVIII between the Denver Broncos and the Seattle Seahawks at the MetLife Stadium in East Rutherford, New Jersey, USA 02 February 2014. The Seahawks beat the Broncos 43-8. EPA/PETER FOLEY

Европската фудбалска федерација ја разгледува можноста во иднина финалето во елитното натпреварување да го пресели во Њујорк, САД.

УЕФА планира во иднина да организира неколку големи настани во САД, а шлаг на тортата треба да биде финалето во Лигата на шампионите бидејќи американскиот пзар станува се поатрактивен за европскиот фудбал.

Наводно претседателот на УЕФА, Александар Чеферин како потенцијален домаќин на финалето во ЛШ 2025 година го гледа стадионот „Метлајф“ во Њујорк.

– Да се оди од Португалија во Азербејџан е речиси исто како да се оди во Њујорк. За навивачите тоа нема да претставува проблем – беа зборовите на Чеферин пред неколку години кога ја презеде функцијата на претседател на УЕФА.

Стадионот „Метлајф“ има капацитет од 82.000 седишта, сместен е во Источен Радерфорд, а е отворен 2010 година и на него настапуваат НФЛ екипите на Њујорк џајант и Њујорк џетс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот