Финалето во Баку не е најгледано во историјата на Лига Европа

EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Критики до УЕФА поради скапите влезници, авионските линии, политичките мотиви поголеми од спортските, „проблематичниот“ Ерменец Хенрик Мхитарјан за Азербејџан

Челзи ја освои титулата во Лига Европа оваа сезона, откако во финалето убедливо во англиската пресметка го совлада Арсенал со 4:1.

Финалето во Лига Европа одиграно синоќа во Баку е третото во историјата по посетеност со 51.370 гледачи.

Најпосетен финален меч во ЛЕ е оној меѓу Олимпик Марсеј и Атлетико Мадрид одигран лани во Лион на кој присуствуваа 55.768 лица.

Второто место е за финалето од 2012 година, во кое играа Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао. Овој меч се играше во Букурешт пред 52.347 гледачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот